Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Доцова: Независноста се брани секој ден со мудрост, цврста волја и многу напори
Независноста не е нешто што е еднаш засекогаш дадено, туку мора да се брани секој ден со мудрост, цврста волја и многу напори, изјави претседателката на Народното собрание на Бугарија, Михаела Доцова, на одбележувањето на 118-годишнината од прогласувањето на независноста на земјата во Велико Трново, пренесува БТА.
„На денешен ден не треба да заборавиме и мора да помниме дека независноста се брани секој ден со многу мудрост, со цврста волја и со многу напори“, рече Доцова.
Таа присуствуваше и на свечената литургија по повод Денот на независноста на Бугарија.
„Ништо не ни е дадено само по себе, сè зависи од нас“, истакна претседателката на бугарскиот парламент.
Според неа, независноста денес треба да се брани преку заштита на националните интереси во секоја постапка, како во внатрешната, така и во надворешната политика.
„Денес треба да ја браниме независноста со заштита на националните интереси секогаш, во секоја наша постапка – и во внатрешната и во меѓународната политика“, рече Доцова.

