| |

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по тешките сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“: Потресена сум од трагедијата

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, изрази сочувство до бугарската претседателка Илијана Јотова, до блиските на загинатите и до целиот бугарски народ по тешките верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ кај Зимница.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Сиљановска-Давкова изјави дека е длабоко потресена од трагедијата што однесе многу човечки животи. Таа посочи дека најмалку 48 лица се повредени.

„Изразувам искрено сочувство до претседателката Илијана Јотова, до семејствата што ги загубија своите блиски и до народот на Бугарија“, напиша македонската претседателка.

Таа изрази солидарност со сите погодени од трагедијата, а на повредените им посака сила и брзо закрепнување.

Слични Објави