Претседателот Џафери со собраниска делегација на конференција во Вилтон Парк
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и околу 30 претставници од сите политички партии застапени во Собранието, службите во Собранието, Парламентарниот институт и претставници на граѓанското општество, од 14 до 16 февруари 2018 година, ќе учествуваат на конференција што ќе се одржи во Вилтон Парк, Велика Британија.
Конференцијата е на тема „Градење на ефикасен и независен парламент на Република Македонија“, во организација на Британската амбасада и Вестминстер фондацијата за демократија.