Трамп бара од Конгресот 500 милиони долари за ПРО на Израел

//

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп побара од Конгресот 500 милиони долари од буџетот за 2019 година за да помогне на Израел при разработката на системи за противракетна одбрана, соопшти на специјален брифинг претставник на Пентагон.

“Во рамките на спроведувањето на обврските кон Израел, ние бараме да се издвојат 500 милиони долари за идните купувања и развој на ПРО системи како Iron Dome, Arrow, David’s Sling и Upper Tier“, рече тој.

Проектот за буџет за  финансиската година 2019 г. треба да биде утврден од Конгресот. Финансиските активности на Министерството за одбрана се остваруваат со буџетот изгласан во 2017 година.



Претходна статија

Претседателот Џафери со собраниска делегација на конференција во Вилтон Парк

Следна статија

Чистењето на Скопје продолжува во Карпош

Најново од Вести