| |

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ- ФИНАЛЕ

Финалето на претседателските избори значи почеток на изразена концетрација и анализи за претстојни процеси предизвикани од работата или неработењето на владеачкото мнозинство.

Тука некаде завршува љубовта на народот,трпението на новинарите и упатените во функционирањето на Владата,институциите и системот. Секоја влада се обидува во финалето да има брак, а секогаш финалето на крајот го краси разводот. Ќе имаат многу деца ,а за квалитетот на животот ,тоа ќе го видиме. Интересно е да се направи една подлабока анализа за малото рушење на референдумот од страна на владеачките партии и нивните потези/чекори неколку месеци пред референдумот.

Интересен е и начинот и стратегиите па и ПР-от на референдумот.Како да продолжува со цела жестокост на овие претседателски избори. Жестокоста е несмалена од обете страни и се сведе на: Како тоа позицијата да произведе што повеќе незадоволни во сопствените редови и непријатното неконтролирано и независно гласачко тело. Мицкоски пак се чуди како да произведе стрпливи гласачи кои „верују“..,а при тоа сите што им велат во очи дека ќе гласаат за нив ,нема да гласаат баш за нив заради фактот што дел од народот секогаш гласа за власта.

Овде посебно би ја посочил цврсто залегнатата администрација. Некаде 500-800 сменети раководители кои половина се плашат од можни кривични ,а доволно се збогатени да се гледа од километри ,па и нема да предизвикаат големо напрегање кај нивните членови и независните гласачи кои сеуште ги гледаат како црни ѓаволи.

Дополнително далеку од очите на јавноста се преговара,договара по прашања кои го ставија СДСМ на власт. Е тие прашања за кои се уште се преговара ќе донесат мал лом во централната власт. Кој ќе победи на овие избори-

1.Најмногу гласови ќе има Стево Пендаровски впрочем е најдобар кандидат,со големо искуство,препознатилив и дома и во странство.Се служи со реал политика ,а не со партизанско/алхемичните ,извинете,недефинирани глупости на неговиот противкандидат. Неговиот противкандидат и мора да се служи со такви работи доколку е јасно од каде е делегиран,кого го претставува и какви политики има на својот грб. Очигледно Пр-от им се изнаработил да го позиционираат онаму каде што е. Дури е смешно да само малку проценти го делат од Стево Пендаровски.Но тука и треба да се заблагодарат на СДСМ и изборот на стратегии и Пр-от ..што си го влечкаат од Референдумот наваму.

2.Првиот круг ќе го добие Стево Пендаровски.Со широко отворени очи чекаме колку ќе земе гласови Река.

а.Дали ќе има математики за излезност на Вмро-Дпмне во втор круг б.Дали ќе има излезност во втор круг.

Неизлезност и разочараност им оди во прилог на елитите на Вмро-Дпмне ама и на СДСМ. Ова тешко го разбираат неопределените и тие што би сакале да ги казнат и СДСМ но и Вмро-Дпмне.

Нашите политички елити најдобро работат во политичка криза и полу криза како таа што би следела. Би фрчеле обвиненија,еден емотивен политички ,лукративен ,театарски вординг дури Талат би глумел Претседател.Партиите би крештеле за Вонредни Парламентарни. Би отишле на море малку па таму од септември ,а сите индиции зборуваат дека Талат би останал малку подолго тогаш од вообичаеното и пропишаното. СДСМ и Вмро-Дпмне на есен би се боксирале и преговарале за предпржинска влада .Па можно е ете од кај декември или 12.12.2019 да ја има ,а таа би приготвила избори за пролет 2020.Дали тоа им одговара на СДСМ и Вмро-Дпмне ?Па се разбира.

Немаме теми добри освен мала политичка нестабилност со строга контрола и приготвување на нови избори. Добро има 3-4 крупни прокети да се завршат и заминат тендерите. НЕ изборот на претседател носи до резултат –Неменливост во опозицијата. Што ни преостанува.Да го спречиме ова со едноставен настан- Избор на Претседател.

Стево Пендаровски би бил неспоредливо подобар избор од тоа што до денес го нуди Вмро-Дпмне. Фокусот би се преместил и на него ,а се помалку би имало можност зад грб да ни се произведува смислена политичка полустабилност.Би се посветиле на економијата ,на реформите и на секојдневниот живот.Ако не биде сега претседател Пендаровски голготата на полу политички кризи само ќе ни се продолжува.Во такви полуполитички кризи корупцијата достигнува врв.Нити знаеме нити можеме да претпоставивме што би ни се случувало во 2020 година.Тоа ги преминува и капацитетите на Зоран Заев и Мицкоски. Со ваков парламентарен состав е можно да се очекува се.Па и големи ломови.

Каде пак би се вратиле во фокусот на негативните вести. Не се занесувајте – на овие избори мора да избереме претседател, бидејќи никого нема да го казните со неизлегување освен цела држава и самите себе.

Нам самоубиството ни е многу близок поим ,затоа не се самоубивајте. Апатијата лесно се гледа од јавните мрежи и разочараноста.Овој момент е посебно добро да пробаме да ја надминеме.Излезете на гласање заради ВАС ,а не заради НИВ. Лесно после изборите ќе им се посветиме .Па заради што си знаеме темите ем каде се танки ем каде ќе предупредиме ем каде ќе критикуваме. Ќе немаат тие тема ,а ние многу теми.

Автор: Даме Чкатроски, политичарски аналитичар

Слични Објави