Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 25 октомври, вториот круг ќе се одржи на 1 ноември
Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 25 октомври, објави Бугарската национална телевизија (БНТ), повикувајќи се на редовниот претседателски совет на раководителите на пратеничките групи во бугарскиот парламент, што се одржа на 29 јули, пренесува БГНЕС.
Доколку ниту еден кандидат не победи во првиот круг и биде потребен втор круг, тој ќе се одржи следната недела, на 1 ноември.
Според бугарскиот Устав, изборите за претседател ги распишува парламентот. Гласањето се одржува најрано три месеци и најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот претседател.
Мандатот на сегашниот шеф на државата истекува на 22 јануари 2027 година.
