Тигран Хамасјан го отвори летното издание на Plovdiv Jazz Fest
Концертот на светски познатиот ерменски џез-рок пијанист Тигран Хамасјан и неговата група во го означи почетокот на летното издание на Plovdiv Jazz Fest во летното кино „Орфеј“во Пловдив. Настапот на Хамасјан е дел од неговата европска турнеја, на која музичарот го претставува албумот „Manifeste“ од 2025 година, во кој се спојуваат џез-импровизации, прогресивен рок, ерменски фолклор и хорски мистицизам, јавува БТА.
„Помина премногу време откако последен пат свирев во Бугарија“, изјави Хамасјан пред публиката.
Билетите за концертите на Хамасјан и норвешкиот саксофонист Јан Гарбарек се распродадени. Уметничката директорка на фестивалот Мирослава Кацарова оцени дека тоа е „победа на добриот музички вкус“ и потврда за значењето на пловдивската џез-заедница.
Гарбарек ќе настапи на 31 јули во 21 часот во Летното кино „Орфеј“, заедно со Трилок Гурту, Рајнер Бринингхаус и Јури Даниел.
Во рамките на Markovo Music Summer, на 19 август ќе се одржи концертот „Џез и барок“, на 21 август ќе настапи триото на Мирослава Кацарова, а на 22 август Стефан В’лдобрев и „Дежурните осомничени“ ќе одржат бесплатен концерт на плоштадот во Марково.
Есенското издание на фестивалот ќе се одржи од 6 до 8 ноември, со настапи на Арон Паркс, Елина Дуни, групата на Шај Маестро, Антонио Форчоне и Џенк Ердоган, како и Росен Захариев со концерт во чест на Мајлс Дејвис.
