| |

Претставници на Македонскиот научен институт од Софија се поклонија пред саркофагот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претставници на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија поднесоа цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Претседателот на МНИ проф. д-р Георги Николов, доц. д-р Милен Михов и доц. д-р Александар Гребенаров, отишле да се поклонат пред тленните останки на Делчев по повод 3 Март- Националниот празник на Република Бугарија. Тоа станува јасно од објавата на доц. д-р Михов во социјалната мрежа Facebook.

Научниците од МНИ беа гости на традиционалниот прием што го организира бугарската Амбасада во Скопје по повод Националниот празник на Бугарија 3 Март.

Слични Објави