ПРЕЖИВЕАНИ ОД КОВИД-19 РАСКАЖУВААТ: „ГО ЗАРАЗИВ ТАТКО МИ, СЕГА ЌЕ СИ ОДАМ ДОМА И ТОЈ НЕМА ДА БИДЕ ТАМУ“

Ви прикажуваме 3 стории на пациенти кои го преживеале Ковид-19.

Каролина Гереро, Шпанија 41 година (La Republika)

„Првите симптоми ги почувствував во првите денови на март. Не знам каде, како и од кого сум се заразила“, вели Каролина, која тврди дека чувала строга хигиена.

Во нејзиниот случај се започнува со губење на сонот, апетитот и силни напади на кашлање. Кога прв пат оди на лекар, и велат дека и нема ништо.

„Како што поминуваа деновите чувстував дека мојата состојба се влошува. Кренав температура и ми се јавија проблеми со дишењето, тогаш ме однесоа во болница и ми кажаа дека сум позитивна на Ковид-19“, раскажува таа.

Каролина поминува 4 дена вклучена на респиратор. Таа била исплашена дека ќе се случи најлошото и нема да може да се види со своите деца.

По третманот со респираторна машина, Каролина започнува да дише самостојно и ја преместуваат во изолирана соба во болницата.

Таа вели дека во моментот се наоѓа во својот дом, се чувствува добро иако е истоштена и со потешкотии ги извршува своите секојдневни активности.

Ејми Дрискол, 48 г. САД (USA Today)

Ејми раскажува дека се започнало кога почувствувала огромен замор по нејзиното враќање од работа. Помислила дека крева температура, но термометарот во тој момент не покажувал такво нешто.

Во 3 часот по полноќ Ејми се буди со силни болки во градите и отежнато дишење. Се јавува на бројот за итни случаи во Охајо но во тоа време никој не го крева телефонот.

На другиот ден оди во болницата, каде веднаш е тестирана и поставена во изолација. Тестот е позитивен. Ејми не може да им каже на докторите од каде, кога и од кого се заразила.

Од болницата ја замолуваат да направи список на сите луѓе со кои што таа комуницирала во последните две недели. Нејзините колеги од осигурителната компанија почнуваат да работат од дома.

Ејми не е ставена на респиратор, а е третирана само со лекови. Во моментот таа се чувствува добро и се наоѓа во карантин во домашни услови.

Џани Зампино, Италија, 41 г. (Brut)

„Се започна со висока температура и сува кашлица, но бидејќи работам како менаџер на компанија за електронски тротинети и имавме многу нарачки не сакав да ја оставам мојата екипа сама“- раскажува Џани.

Тој патувал неколку пати до Торино и до Милано и најверојатно таму се заразил со болеста.

Тешките симптоми кај Џани доаѓаат после еден месец. Го губи апетитот, крева висока температура и сува кашлица. Неговиот брат повикал амбулантно возило и Џани е однесен во болницата, каде што е тестиран за коронавирус и тестот е позитивен.

Џани подоцна разбира дека го заразил сопствениот татко и возрасниот човек кој бил на дијализа ја изгубил борбата со вирусот. Братот на Џани не сакал да го вознемирува и нашиот херој трагичната вест од пораките со сочувство што почнал да ги добива на својот мобилен.

„Најтешкиот момент за мене ќе биде напуштањето на болницата“, вели Џани. „Ќе се приберам дома а мојот татко нема да биде таму. Не успеав дури да се збогувам со него. Овде сфатив дека немам речиси ништо освен скапи парчиња облека и други ствари. Мојот живот се сврте на 180 степени“, вели во својата исповест Џани.