При голем интерес поминаа лекарските прегледи кои Бугарија ги организираше во општина Кукс во Албанија
Бесплатните мултидисциплинарни прегледи извршени од бугарски и албански медицински тимови во Кукс привлекоа над 300 лица во последните два дена од јуни. Информациjaта за прегледите беше пренесена на главните албански медиуми, вклучително и Албанската радио и телевизија, јавува БНР.
Превентивните прегледи ги организираа Медицинскиот колеџ во рамките на Тракијскиот универзитет, Амбасадата на Бугарија во Тирана и општина Кукс.
Бугарскиот тим од 11 лица, меѓу кои и четворица студенти, го предводеше директорката на Медицинскиот колеџ, проф. Павлина Тенева, пренесува БТА. Организаторите обезбедија и преведувачи, така што прегледите ги опфатија претставниците на локалното бугарско национално малцинство во регионот Гора и Албанците кои потекнуваат од регионот. Многумина од нив споделија дека за прв пат имале можност добијат бесплатни очни прегледи и голем број други медицински прегледи.

