| |

Прилепчанецот Петар Мирчевски освои сребрен медал на Интернационална Олимпијада по хемија (IChO 2024) во Ријад, Саудиска Арабија

Петар Мирчевски ученик од гимназијата „Мирче Ацев”од Прилеп на овогодинешната Интернационална Олимпијада по хемија (IChO 2024) која што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, освои сребрен медал, додека пак Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип освои бронѕен медал.

Во македонската екипа учесници беа уште и Иван Костевски од гимназијата „Славчо Стојменски” од Штип и Елена Живаљевиќ, ПСУ „Јахја Кемал”, Скопје.

Ментори на македонскиот тим се професорите д-р Миха Буклески и д-р Марина Стефова од Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија кои го организираат учеството.

На 56-тата Интернационална Олимпијада по хемија (IChO 2024) која оваа година се одржува во Ријад, Саудиска Арабија учествуваат околу 90 држави и околу 350 учесници од целиот свет. Се состои од два натпреварувачки дела – теоретски и експериментален. Двата дела содржат комплексни задачи и траат по 5 часа.















Слични Објави