Пет години без Алекс Алексиев – можеш да бидеш Европеец без да ги негираш своите национални корени и да бидеш Бугарин без да бидеш русофил *
Пишува: Крис Ангелов/ Фактор **
За да кажам работи, што не можат да се слушнат во Бугарија! Со овие зборови експертот за безбедност и дисидент Алекс Алексиев ја оправда својата интервенција во бугарската политика. Алекс повеќе не е со нас, а наследник на неговите пораки и идеи сѐ уште не е пронајден. Ова е огромна загуба за сите Бугари бидејќи секоја една од пораките на Алекс содржеше пробугарската гледна точка.
Тој не само што ги покажа проблемите со кои требаше да се справи Бугарија, туку истовремено, директно или индиректно, даде и нивни решенија.
Современиот Бугарин секојдневно е озрачуван со тоа тврдењето дека од идеолошко-политички аспект има право само на една од двете можни позиции. Или е Европеец и со тоа нужно мора да ги претвори неомарксистичките догми во свој културен идентитет или е Бугарин, што според многумина значи да вее руски знамиња, да протестира во одбрана на Русија и да се поклонува на сѐ што е руско. Односно, неговиот избор варира помеѓу новиот марксизам маскиран како европски идентитет и стариот марксизам маскиран како бугарски национализам. Како резултат на тоа во главата на просечниот Бугарин се создава хаос полн со противречности.
Алекс Алексиев се осмели да заземе цврст став против оваа измислена биполарна матрица. Поради тоа, иако прикриено, го мразеа сите т.нар. „прва генерација со чевли“, претставници на современата бугарска политичка елита. Алекс отворено тврдеше дека човек може да биде Европеец без да ги негира своите национални корени, традиции и културен идентитет и може да биде Бугарин без да биде русофил. Токму поради ваквиот начин на размислување, Алекс Алексиев живеа 50 години и по принуда во Америка, но остана Бугарин.
Да разгледаме поконкретно два од неговите завети.
Кој е најголемиот проблем на Бугарија?
Во една од своите емисии во Bulgaria Analytica со наслов „Каде оди светската демографија“ Алекс вели дека демографската слика на една земја е еден од главните фактори кои ја движат нејзината економија и геополитичко значење. Во исто време, тој постојано велеше дека ако Бугарија загуби уште една генерација преку емиграцијата, нејзината демографска криза ќе се претвори во демографски колапс.
Според студијата на американското издание „Бизнис инсајдер“, Бугарија е нацијата која најбрзо исчезнува во светот, бидејќи до 2050 година се очекува нејзиното население да се намали на 5,4 милиони. Статистиката го потврдува тоа. Просечната возраст на населението во Бугарија е 43 години, а во исто време е меѓу земјите во ЕУ со најмал животен век. Кога вашето население не живее долго во исто време, но е и меѓу најстарите во ЕУ, тоа може да се должи само на фактот дека бројот на младите во него е релативно мал. Успешното формулирање и спроведување на која било демографска политика бара време. Меѓутоа, Бугарија е во единствена позиција да најде краткорочно решение за својот демографски проблем. Во моментов во земјава има бегалци од Украина, многу од нив се со бугарско потекло. Исто така, Русија, која се соочува со политички санкции и е во воена состојба, е дом на милиони етнички Бугари. Луѓе со бугарско потекло има и во Молдавија, која се соочува со неизвесност за својата политичка иднина по руската агресија во Украина.
Бугарија мора да најде начин да обезбеди стимулации за што поголем број украински бегалци да останат во земјата. Истовремено, треба да создаде програма за олеснето и забрзано враќање на етничките Бугари од Русија и Молдавија, во татковината на нивните предци.
Која треба да биде геополитичката улога на Бугарија?
Дека е логично Бугарија да биде членка на НАТО и ЕУ е повеќе од јасно, бидејќи тие се најсилните воени и економски сојузи во светот. Во својата статија од јуни 2016 година со наслов „Источна Европа е клучот за виталните интереси на Америка на континентот“, Алекс Алексиев во детајли објаснува каква треба да биде улогата на Бугарија во овие соjузи.
Според него, Бугарија, Грција, Романија, Вишеградската четворка и балтичките земји треба да се договорат да ја играат улогата на чувари на политичките и културните граници на ЕУ, како и да почнат да работат на создавање енергетски коридор во „ правец север-југ“ како алтернатива на сегашните енергетски коридори Исток-Запад зависни од Русија.
Самата идеја не е нова. Во минатото, Големото Војводство на Полско-литванската заедница успешно ја игра улогата на бранител на Европа од воените и политичките пристапи на Руската империја, Тевтонскиот ред, Монголската и Отоманската империја кон неа.
Ситуацијата во денешно време не е многу поинаква. Трансформацијата на Русија од светска сила во регионална сила носи многу опасности, а војната во Украина е само еден доказ за тоа. Дури и ако оваа војна заврши неповолно за Русија, никој не може да гарантира дека во иднина овој конфликт нема да се обнови, а потоа американската влада може да има причини да биде повеќе фокусирана на активностите на Кина и да ја смета секоја потенцијална закана од Русија за европски проблем. Во исто време, истражувањето на Фондацијата Бертелсман од 2016 година покажа дека само 31% од Германците сметаат дека е оправдано Германија да брани друга земја на НАТО во случај да биде нападната.
Со оглед на тоа, одбраната на Европа повторно ќе падне на рамениците на Америка, која потоа ќе биде отворена за поддршка на Здружението Балтичко-Вишеградско-Црно Море предложено од Алекс, се додека тоа стане реалност.
Исто така, културно-политичката агресија на радикалниот ислам е потценета од многу политичари во Западна Европа, но исто така претставува закана за безбедноста на континентот која мора некако да се реши.
Новата геополитичка улога на источноевропските земји би им гарантирала поголемо културно, идеолошко, па дури и економско влијание во ЕУ, што би можело да ги неутрализира неомарксистичките тенденции кои се забележливи во некои од западноевропските земји членки на унијата.
Доктрината „Алексиев“, која ѝ доделува нова геополитичка улога на Бугарија и ја посочува демографската криза како нејзин најголем проблем, тешко може да ја спроведе ниту една политичка формација или фигура поврзана со статус квото, бидејќи тоа ќе го уништи антибугарскиот биполарен модел на поделба на нацијата на „псевдоевропејци“ и „проруски бугарски патриоти“, што ја легитимира актуелната бугарска политичка елита.
Доктрината предложена од покојниот Алекс Алексиев создава политичка ниша што ефективно може да ја пополнат само нови поединци кои не гледаат ништо чудно во Бугарија да биде фактор во сојузите во кои таа е членка, а Бугарите да најдат смисла во врзувањето на својата иднина со неа.
* На 28 јули се навршија 5 години од смртта на големиот бугарски патриот и експерт за безбедност Алекс Алексиев.
**Авторот работи како економист во владиниот сектор на САД и како вонреден професор по економија на Адвентистичкиот универзитет во Вашингтон.

