|

(Видео) „До 100“ еден заеднички проект на познатиот македонски композитор Григор Копров и бугарските музички ѕвезди Маги Џанаварова и Фики Стораро

Вчера во Гранд хотел Милениум во Софиja се одржа официјалната промоција на заедничкиот проект на бугарските музички ѕвезди Маги Џанаварова и Фики Стораро „До 100“. Автор на музиката е познатиот македонски композитор Григор Копров, аранжманот е дело на Brothers Stoyanovi, а текстот е на Анастасија Мавродиева и Кристијан Костов, кој ја претставуваше Бугарија на конкурсот Евровизиja во 2017 г.

„Има моменти во музиката кои не само што се случуваат – туку се доживуваат. Судир на гласови, енергии и светови – тоа е она што го создадовме со Фики Стораро и Маги Џанаварова. Благодариме на Фики – не само за довербата, туку и за храброста уште еднаш да поверува дека талентот има многу лица, и да ни даде сцена на која да откриеме една различна светлина.“ – споделуваат Brothers Stoyanovi под официјалното видео на дуетот.

„Музиката нема граници. Таа овозможува такви колаборации и толку убави песни. „До 100“ е создадена од композиторот кој пишувал музика за Тоше Проески – Григор Копров, и од нас со неверојатната Маги Џанаварова со многу љубов за сите вас!“ – напиша поп-фолк идолот Фики Стораро по повод премиерата на синглот.



Слични Објави