Принцот Хари во изненадна посета на Украина за поддршка на ранетите војници
Принцот Хари денеска изненадувачки пристигна во Украина, со цел да изрази поддршка за ранетите украински војници во војната со Русија, објави британскиот весник „Гардијан“, пренесува БГНЕС.
Според информациите, Хари допатувал со ноќен воз и рано утринава пристигнал во Киев. Весникот објави фотографии на кои се гледа како патува во луксузен вагон и како го пречекуваат на перонот во украинската престолнина.
Посетата на принцот се совпадна со првата официјална посета во странство на новата британска министерка за надворешни работи, Ивет Купер, која исто така пристигна во Киев.
Хари е придружуван од тим од неговата фондација Invictus Games Foundation, која обезбедува поддршка за ранетите војници. „Не можеме да ја сопреме војната, но можеме да направиме сè за да помогнеме во процесот на закрепнување“, изјави тој.
Принцот треба да оствари средба со украинската премиерка Јулија Свириденко и со околу 200 украински ветерани.

