ПРИВАТНИТЕ КОВИД ЦЕНТРИ ПОДГОТВЕНИ, СЕ ЧЕКА НА ПИСМЕН ДОГОВОР

//

Хотел Ибис, се уште чека да стане ковид – центар. Стара Систина се подготвува да прими пациенти на кои им треба болничко лекување, ќе може да прими 100 пациенти , но се уште се чека се чека да се потпише договор. Приватните болнции и министерот Филипче имаа средба минатата недела.

По завршувањето , пред медиумите и се обратија на јавноста дека во стара Систина ќе се лекуваат ковид пациенти.

Осум дена подоцна, од Систина велат дека ништо од не е ставено на хартија. Писмен договор нема , а на прашањето до Министерството за здравство кога ќе добијат дозвола, со одговор дека тоа е работа на ЦУК.

“Договор со приватните болници потпишува центарот за управување со кризи, согласно законот за кризна состојба. Министерството за здравство само ќе ги користи ресурсите од приватните болници, согласно законската рамка по прогласување на кризна состојба, кога приватните болници се согласија во целост да ја опремат стара систина со потребната медицинска и немедицинска опрема, како и лекарски тимови и медицински персонал кои ќе работат со ковид пациенти. Министерството за здравство не потпишува дозволи.” – соопштија од министерството за здравство.

Центарот за управување со кризи чека упатство од Министерството за здравство за да потпише договор за соработка со приватните болници.Од здравство денеска со соопштение со соопштение дека имам како што велат благ пад на бројот на заболени , а и дека се очекува повеќе луѓе да се испишуваат од болниците отколку што се хоспитализирани . Сепак, само во последното деноноќие има 38 нови примени во болницата а двојно помалку 18 пациенти биле пуштени дома. Останати се само 40 слободни кревети.

На клиниките во Скопје се лекуваат вкупно 480 ковид-пациенти.

Најмногу пациенти има на Инфективната 153, а во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани 106 пациенти.

Во Детската болница во Козле има 35 пациенти, од кои 9 деца и 24 возрасни. На интерните клиники се лекуваат 186 пациенти.

А, хотелот “Ибис” или Стара Систина се уште чека да стане ковид центар.



Таму ќе има дополнителни 100 болнички легла за ковид болните.

Од Аџибадем Систина велат дека се уште не е потпишан договорот помеѓу приватните болници и Центарот за управување со кризи.

Помина третина од прогласената кризна состојба, денеска на 11 ден во борбата против ковид се вклучија и лекари и сестри од армијата.

20 сестри и 12 лекари од воено – медицискинскиот центар се распределени на Интерно. Ќе работам во тријажниот центар.

Тоа значи дека ги прегледуваат ковид болните кои треба да се примат на некоја од интерните клиники.

Претходно, пет возила на армијата беа даде располагање на здравство.

А војниците и помааат на полцијата за обезбедување болниците каде што се лекуваат болни од корона.

Претходна статија

УКРАДЕН ПАРИЧНИК НА ПОКОЈНИК ВО КОВИД-ЦЕНТАР, СЕМЕЈСТВОТО УЖАСНАТО

Следна статија

ГОДИНАВА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 29 НОВИ ЗАБОЛЕНИ СО ХИВ ВО МАКЕДОНИЈА, А ШЕСТ ЛИЦА ПОЧИНАЛЕ

Најново од Вести