Приведен е возачот на камионот од кој започнала едната верижна сообраќајна несреќа на „Тракија“
Приведен е романски државјанин, возач на тешко товарно возило. Се претпоставува дека токму од неговиот камион започнала верижната сообраќајна несреќа. Од полицијата во Јамбол соопштија дека романскиот државјанин е задржан 24 часа. Тој е сослушан, но од полицијата не прецизираа што точно изјавил. Сепак, најавија дека денеска ќе биде повторно сослушан, јавува БНТ.
Камионот најверојатно се движел многу бавно или се вклучувал од страничната лента, соопштија од бугарското МВР.
Обласниот управител ја демантираше информацијата дека неколку минути пред несреќата имало повик на телефонскиот број 112 за намалена видливост поради магла на автопатот.
Ова се двете главни информации соопштени на утринскиот заеднички брифинг на МВР, противпожарната служба и обласната управа. Автопатот веќе е отворен за сообраќај во двете насоки.
