|

Приведен скопјанец баран со централна потерница поради изречена мерка притвор

Полициски службеници од Оперативниот тим Потраги вчера утрото пред трговски центар на подрачјето на Чаир го привеле А.И.(30) од Скопје за кого била распишана Централна потерница.

Тој се бара врз основа на наредба од Основно јавно обвинителство во врска со чл.396 ст.2 од Законот за оружје, поради изречена мерка притвор. Лицето е предадено на Основно јавно обвинителство Скопје.

Слични Објави