ПРОДАВАЧКА ОД „ПЈЕР ГАРДЕН“ ДАЛА ИСКАЗ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ШОПИНГОТ НА БОКИ 13
Утрово во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција исказ дала и продавачка од луксузната продавница на Пјер Гарден, а за потребите на истрагата за „Рекет“, пренесува Лидер.
Сомневањата на обвинителството се дека осомничениот Бојан Јовановски таму купувал облека, но и мебел, од францускиот моден бренд.
Во моментот за „Рекет“ сведочи Агапи Дика, претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а подоцна треба да дојде и бизнисменот Зоран Азманов.

