|

Продолжува борбата со пожарот во ловиштето „Јасен“

Во ловиштето „Јасен“ и понатаму трае гаснењето на пожарот. На терен од земја интервенираат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух помагаат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

„Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума,“ изјави Ангелов.

Ситуацијата и натаму е тешка и ризична, па засега нема целосна контрола врз шумскиот пожар кој се шири на екстремно тежок терен.

Слични Објави