|

Продолжува периодот на претежно облачно време со повремен дожд

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Продолжува периодот на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат без поголеми промени.



Слични Објави