ПРОЕКЦИИ НА НАЈНОВИОТ ФИЛМ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ „ВРБА“ ВО ОХРИД

Најновиот филм „Врба“ од познатиот македонски режисер Милчо Манчевски премиерно во Центарот за култура Охрид.

По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија. „Врба“ е филм во кој се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербатa, едната од македонското средновековие, a другите современи. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа. „Врба е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути“, вели режисерот Манчевски.

Главните улоги ги толкуваат младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други.

Снимањето на филмот е на разни локации низ Македонија меѓу кои се живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, Преспанскиот Регион и различни локации низ Скопје. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско – унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Филмот ќе се прикажува од 1-ви до 5-ти ноември со почеток во 20 часот. Влез е 150 денари.



Слични Објави