ЃОКОВИЌ ГИ ШОКИРА ФАНОВИТЕ: МОЖЕ УШТЕ УТРЕ ДА ЈА ЗАВРШАМ КАРИЕРАТА!

Светскиот тениски ас и лидер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ во интервју за француските медиуми даде изјава во која ја опишува својата состојба во финалната фаза од својата кариера.

„Немам веќе обврска да се натпреварувам. Можам да престанам да играм уште утре, со оглед на тоа дека сум татко на две деца. Едното од нив веќе има пет години, тргнува во подготовка за одење во училиште. Сакам да поминувам повеќе време со нив, изјави популарниот Ноле. Сепак сеуште се чувствувам одлично на терен. Имам мотивација и инспириран сум да го играм овој прекрасен спорт“, вели Србинот.

Ѓоковиќ годинава се повлече од УС Опен поради проблемот со рамото, но потоа освои титула во Јапонија а сега изјави дека проблемите се зад него.

„Историски гледно, навистина играм одлично во сала, па сум среќен што и оваа година ќе играм во Париз. Играв финале овде минатата година и ми се допаѓаат условите, физички сум спремен и не чувствувам болка последните недели. Се надевам дека ќе го освојам турнирот“, заврши Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ денеска во 17 часот и 20 минути го започнува турнирот во Париз против Муте Корентан.

Извор: Спорт1