СЕКОЈ ТРЕТ ЖИТЕЛ НА МОНАКО Е МИЛИОНЕР

Монако, втората најмала земја во светот, со 38,3 илјади жители е најгусто населена, но е дом на 12,26 илјади милионери.

Оваа бројка, според Бизнис инсајдер, за само пет години скокна за 12 отсто, па сега секој трет жител на Монако поседува милион долари. Стапката на сиромаштија во земјата е нула, а бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител е 165,42 илјади американски долари.

Всушност, Монако е една од четирите земји во светот каде БДП по глава на жител надминува 100.000 американски долари. Листата ја предводи Лихтенштајн со 166,02 илјади долари, на второ место е Монако, по што следуваат Луксембург и Бермуди.

Од вкупното население, дури 75% од нив се новодојдени, односно постојани жители кои се родени надвор од земјата.Покрај тоа што е многу скапо, Монако е многу безбедно.Ова всушност е еден од најбезбедните градови во светот. Во него е ангажиран еден полицаец за секои стотина жители, а целиот град е покриен со постојан видео-надзор.

Извор: Максфакс