Проекција на „Оклопницата Потемкин“ во Рускиот центар во Скопје
По повод 120-годишнината од раѓањето на Сергеј Михајлович Ејзенштејн, Рускиот центар при УКИМ ве поканува на проекција на филмот ОКЛОПНИЦАТА „ПОТЕМКИН“.
За значењето на филмот за светската кинематографија, за режисерската естетика и за творештвото на Сергеј Ејзенштејн воведно предавање ќе одржи Ана Глигорова, магистер по културологија и ТВ-режисер. Настанот ќе се одржи во седиштето на Рускиот центар на 22.1.2018 г.(понеделник) во 19 часот, ул. „Теодосиј Гологанов“ бр.28, трети кат.

