Џихадистите веќе се насочуваат кон тактиката „волк самотник“

///

По поразот на “Исламска држава” во Сирија и Ирак од сириската владина армија – во голема мера благодарение на помошта од Русија, борците од групата се готови пренесат своите активности на европскиот континент. Според експертите за меѓународeн тероризам преживеаните водачи на ИСИС и на други екстремистички организации ќе настојуваат да организираат напади во европски метрополи, големи градови и туристички објекти. И не е ни чудо такви терористички удари, да се случат во Америка и Австралија.

Авторитетниот експерт Ерин Милер од Меѓународниот центар за истражување на проблемите на тероризмот кон универзитетот Мериленд во САД прогнозира раст на екстремистичкото насилство. Според неа овој развој на работите ќе биде условен од поразот на идентификацијата со боиштата на Блискиот Исток, и од намерата на одредени луѓе од муслиманските заедници во Европа, Америка и Австралија да ги поддржат терористите.

Навистина, забележува американскиот истражувач Акбар Ахмед, “освен исламот, нема ниту една светска религија со толку бројни следбеници која паѓа во туѓа културна и социјална средина во својство на странско малцинство”. Тој смета дека денес муслиманските малцинства ги “преживуваат повеќето болни форми на социо-политички трансформации, загуби, пад на стариот бит и борба за зачувување на својот идентитет”.

Неговата проценка ја споделува и Јулија Нетосова, кандидат на политичките науки: “Појавата на феноменот исламистички тероризам во земјите од Европа е тесно поврзан со миграционите и интегративните процеси од втората половина на 20-тиот век, што обезбедиле предуслови за појава на сталеж составен од европски џихадисти. Во Европа се формира средина, во чии рамки, групи од населението, кои го исповедаат исламот, имаат чувство на фрустрација, одбивност и неправда“.

Во иста насока се искажуваат, Баши Кураиши, генерален секретар на Европската иницијатива за социјални иницијативи на муслиманите, и Џослин Чезари, професор по политички науки и соработник во Националниот истражувачки центар во Париз.

Според Кураиши, маргиналната позиција на муслиманската заедница во Европа “произлегува од фактот дека повеќето членови на заедницата се имигранти”. Всушност, речиси половина од сите европски муслимани се родени надвор од континентот.

Професорот Чезари ја објаснува социо-економската маргинална позиција на повеќето
европските муслимани со нивното одбивање да станат Европејци во цивилизациска смисла.
Со други зборови, не сите претставници на емигрантите муслимани и нивните потомци кои,
живеат во земји со претежно христијанска култура се подготвени да го согледа однесувањето и вредносниот систем на повеќето локални жители.



Набљудувачот на весникот “Ерусалим пост”, Џереми Боб, напиша во написот “Новата тактика на Исламска држава”: “Во моментов се води кампања за мобилизирање и обука на терористи поединци
за распрснување на отровни материи во густо населените центри “. Новата тактика ја забележува и Етан Азани, полковник во оставка и заменик-директор на Институтот за контратероризам во
во Херцлија, Израел. Според неговите податоци “во социјалните мрежи ИСИС активно ги повикува своите следбеници да се вратат во земјите, од каде што пристигнаа во Ирак и Сирија, и таму да го пренесат џихадот.
ИСИС отворено шири детални инструкции за изработка на експлозивни направи. Лидерите на оваа организација бараат од нивните борци да им нанесат што поголема штета на “неверници”.

Исламистите од сите бои ја негираат легитимноста на секуларните законодавни системи и форми на државност, а во повеќето случаи не ги препознаваат националните граници.
Директорот на ICS, Боаз Ганор, верува дека “Исламската држава” ја презема
одговорноста за сите напади на Исламистите ” за да го нагласи своето влијание, иако во многу
случаи лидерите на групата немаат никаква врска со нив “.

Продолжувајќи ја својата мисла, Боаз сугерира дека голем број терористи, кои не се формални членови на било која организација, би извршиле терористички чин само затоа што се “, поттикнати од својата омраза кон цивилизацијата во која се наоѓаат„ Според Боаз, важно е да се сфати начинот на размислување на терористите. Многу често терористите доаѓаат од богати семејства и не спаѓаат во групата „незадоволни со животот”. Напротив, џихадистите се среќни што извршиле одредено злосторство.

Токму затоа Етан Азани главниот проблем на Западот го гледа  во неговата неспособност да ја сфати психологијата на џихадистите, одбивајќи да го согледа значењето и вредностите на нивното сфаќање за цивилизацијата.

Автор: Захар Гелман; „Независимаја Газета“

Претходна статија

Проекција на „Оклопницата Потемкин“ во Рускиот центар во Скопје

Следна статија

23 Обука за подготовка на Еразмус+ проекти со менторска поддршка

Најново од Анализи & Коментари