| |

Проф. д-р Ангел Димитров: РС Македонија не се однесува како земја кандидат за членство во ЕУ

Во моментов, Република Северна Македонија дефинитивно не се однесува како земја кандидат за членство во ЕУ. Самото потсетување на ЕУ до РСМ, иако со една фраза: дека мора да го почитуваат Договорот за добрососедство со Бугарија, ширум ја отвора вратата за нашите приговори и за нашите побарувања што мора да ѝ се покажат на РСМ.

Од бугарската дипломатија зависи и да ги потсети нашите европски партнери дека работите треба да одат во длабочина. Поважно, кога се дава препорака, треба да се споменат конкретните причини за давање таква препорака. Овој извештај е само потсетник за тоа што треба да се случува.

Ова го рече проф. Ангел Димитров, поранешен амбасадор во Скопје и копретседател на Мешовитата комисија за историски прашања со РСМ, во емисијата „Брисел 1“ на телевизијата Bulgaria OnAir.

Нападите врз бугарските клубови, свирежите на бугарската химна за време на натпреварот, проф. Димитров ги коментираше на следниот начин „ за жал од 2019 година набљудуваме едно враќање кон стандардното пропагандистичко однесување таму, што потсетува на времето од почетокот на 90-те години таму, па во одредена смисла дури и на втората половина на 1940-тите, кога Бугарија беше прогласена за непријател на комунистичка Југославија и на новосоздадената Република Македонија. Аргументите што сега ги гледаме за тоа колку се легални или не бугарските здруженија во РСМ почнуваат да потсетуваат фрапантно на духот на законот за македонската национална чест. Апсурдни се тврдењата дека бугарските клубови и нанесуваат штета на македонската чест“, смета проф. Димитров.

Според него, апсурдно е и тоа што на група луѓе – граѓани на својата сопствена држава, им се забранува да имаат поинаков национален идентитет и чувства, без разлика што можат историски да го потврдат и докажат овој идентитет.

Зачуден сум од еден неверојатен парадокс: Ако името на Иван Михајлов се смета за незаконско и навредливо за националните чувства, тогаш треба да ја забранат и партијата ВМРО, бидејќи на чело на оваа организација бил Иван Михајлов. По 1944 година, многу Бугари беа прогонувани и убивани под знакот дека се „вмровци“; така што постои двоен парадокс: кога државните власти не можат да направат разлика помеѓу организацијата и нејзиниот водач, – од една страна; и обратно – кога самата организација шпекулира со ова име, употребувајќи го сосема легитимно, но исповеда сосема друга идеологија и политички намери, смета проф. Димитров.

Слични Објави