Проф. д-р Келбечева: Бугарија го плаќа своето „ослободување“ од руската и од Црвената армија во 1878 и во 1944

//

„Бугарија ѝ плаќа на Русија за таканареченото „Ослободување“, што е геополитички проект на Руската империја за да дојде до Босфорот и Дарданелите“.

Ова во интервју за програмата „Недела 150“ на Бугарското национално радио го изјави историчарката и предавач на Американскиот универзитет проф. Евелина Келбечева:

„ Уште во 1878 година Бугарија платила 2.120.000 златни лева како воен придонес за Русија, подоцна на ова се додадени 2.095.000 златни лева за Источна Румелија, во 1885 година.

До 1890 година плаќаме околу 56 милиони златни лева за таканареченото ослободување. Не можам да го наречам ослободување“.
„Да не заборавиме дека во моментот кога Црвената армија ја нападна Бугарија со четвртина милион војници, целата сила на нејзината Црноморска флота – преку 1.000 авиони, меѓу 1944 и 1947 година ние плаќаме за една окупаторска армија“, додава проф. Келбечева.

„Вкупно 600.000 луѓе минуваат низ Бугарија. Две третини од националниот приход на Бугарија оди за поддршка на советската окупаторска армија, предизвикувајќи најголема прехранбена и економска криза во поновата бугарска историја“.



Проф. Евелина Келбечева коментира дека не постои практика меѓу Бугарија и Русија да се водат преговори:

„На Бугарија и се наметнуваат само ултиматуми и диктати. Истото важи и сега – изнуда и политички рекет. Вистинскиот национален интерес е да се биде што подалеку од империјалните амбиции.“, вели Келбечева.

Целиот разговор со професорката од Американскиот универзитет во Бугарија можете да го слушнете овде.



Претходна статија

СДСМ: Шест месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо, затоа Мицкоски блокира

Следна статија

Колев: Македонија може да биде успешна само како дел од Европа- треба да се разделиме со синдромот „наше дете“ останат од комунизмот

Најново од Вести