| |

Проф. Димитров: Формално, македонските историчари имаат желба за работа, но нема резултат

Формално, македонските историчари се подготвени да работат на анализа на учебниците по историја, но ние не постигнуваме апсолутно ништо. Ова за БГНЕС го изјави проф. Ангел Димитров, претседател на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која одржа состанок деновиве во Скопје

„Последниот состанок на комисијата помина исто како и претходните. Нема разлика ниту во резултатот ниту во атмосферата на средбата. Формално нашите колеги сакаат да работиме на главната цел, а тоа е анализа на учебниците, но апсолутно ништо не постигнавме“, рече историчарот.

Тој посочи дека единствен исход од средбата е комплетирањето на два протоколи од состаноците што се одржале пред две години. „Ова е само формална активност, која во никој случај не соодветствува со целите и работата на комисијата“, нагласи проф. Димитров.

Следниот состанок ќе се одржи во првата половина на април во Софија.

Слични Објави