ПРОФ. НИКОЛАЈ ОВЧАРОВ: „БУГАРИЈА ТРЕБА ПРЕКУ МЕЃУНАРОДНА КАМПАЊА ДА ГИ ОБЈАСНИ СВОИТЕ ПОЗИЦИИ ВО СПОРОТ СО СКОПЈЕ“
Бугарскиот историчар проф. Николај Овчаров повикува Бугарија да организира меѓународна кампања во која научници историчари и филозофи ќе ја презентираат бугарската позиција во спорот со Р. Македонија преку историските факти.
„Мојот предлог е да се направи оваа кампања, колку и таа да е задоцнета. Бугарската позиција треба да се покаже преку прес-конференции со весници, медиуми, за да се објасни нашиот став“, истакна проф. Овчаров во емисијата „Уште од денот“ на БНТ.
Во самата емисија Овчаров презентира историски документи и тврди дека ниту една сериозна наука не го признава тоа што се бара од македонска страна.
Погледнете повеќе во видеото што следи:

