(ВИДЕО) ШАХИНИ: ИМАМЕ ЕМПАТИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ, НО ГИ РАЗБИРАМЕ И АРГУМЕНТИТЕ НА БУГАРСКАТА СТРАНА

Пратеничката од редовите на Алтерантива Сафије Садики Шахини во емисијата „Таргет“ на порталот Zoom.mk изјави дека тие имаат емпатија за Македонците кога станува збор за одбрана на нивниот јазик и идентитет, како што имаат и разбирање за аргументите кои ги наведува бугарската страна, но неспорен е фактот дека спорот ја попречува интеграцијата на земја во ЕУ.

loading...

„Без разлика кој е повеќе а кој помалку виновен, ние не сме го започнале процесот за интегрирање во Европска Унија. Секако дека сето ова е неповолно и за Европската Унија“, вели Шахини.

Таа смета дека ЕУ треба да помогне да се најде решение за проблемот, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи треба повеќе да мисли како да го реши спорот, а не да води само сметка за неговото медиумско претставување.



loading...

Погледнете го целото гостување на пратеничката Шахини:

Извор: Zoom.mk