Проф. Топалов: Белград го кочи влезот на РС Македонија во ЕУ

//

„Моето претположение дека РС Македонија не сака да стане дел од ЕУ со оправдувањето дека Бугарија не ја пушта се оправдува. Белград никогаш нема да ги пушти во ЕУ пред тие да влезат, но можеби и Србија, исто така, не сака да се приклучи на Унијата“, изјави членот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, проф Кирил Топалов за бугарската телевизија БТВ.

„Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија пред четири години, се’ уште треба да има тежина, бидејќи тоа е официјален договор помеѓу две држави и ако тие сериозно се однесуваат кон меѓународните односи, кон нивната иднина, нивниот народ, треба да го почитуваат “, додава проф Топалов.

Бугарскиот научник вели дека за жал РС Македонија не го спроведува Договорот за добрососедство.

„Пратениците во РСМ изгласаа декларација која речиси го прави Договорот меѓу нашите две земји бесмислен и ги влошува нашите идни односи, бидејќи регистрира чекор назад не само во односите со Бугарија, туку и во односите со Грција. Грчкото општество веќе масовно не го прифаќа Договорот од Преспа и е против него. На Грција и треба само еден обид од РС Македонија да се врати кон „антиквизацијата“ за да ги расипе односите “, додаде тој.



Проф. Кирил Топалов најави дека следниот состанок на заедничката историска комисија треба да се одржи по втората половина на октомври.

Претходна статија

Со сертификат во кафеани, затворени молови, а од 1-ви септември и за влез и излез од државата

Следна статија

Од баталјонот на Мирче Ацев, па до денеска, АРМ слави роденден

Најново од Вести