Проф. Вачков: Референдум само ќе потврди дека Бугарите не се подготвени на отстапки за С.Македонија

/

„Лично ми е тешко да замислам како навистина ќе успееме да ги решиме прилично нејасните прашања, особено во комисијата за толкувањата на нашата историја“, рече професорот Даниел Вачков од БАН, кој е член на мешовитата бугарско-македонска комисија на изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека тоа ќе се случи, пренесува Локално.

Тој додаде дека може да се бара компромис во билатералните односи во областите како што се економијата и инфраструктурата.

„На сите им е јасно дека главните проблеми ни се со толкувањето на минатото. Очигледно и двете земји не сакаат да отстапат од своите тези. Ако се преземе попрагматичен пристап, давање простор за преговори преку промовирање напредок во економските односи и инфраструктурата и задржување на историјата во позадина, тоа е едно решение. Но, постојат сериозни стравувања – и во општеството и во комисијата, дека ако историјата оди во втор план, се помали се шансите за изнаоѓање заемно прифатливо решение“, вели професорот Вачков.

Целиот напис прочитајте го овде.





Претходна статија

Животот во Македонија станува се поскап, најголем скок во изминатите 7 години

Следна статија

(Видео) Бугарија ја потврди својата позиција за РС Македонија- Радев го стави акцентот врз правата на македонските Бугари

Најново од Вести