Променливо облачно време со температура до 35 степени

//

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а во вечерните часови по должината на Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 26 до 35 степени.



Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Претходна статија

ЕМА анализира лек против артритис за лекување на ковид-19

Следна статија

ЕУ предлага нова агенција за справување со проблемите со перењето пари

Најново од Вести