| |

Промоција на поетската збирка „Како денес, како секогаш“ на бугарската поетеса Светла Радкова во Крива Паланка

Во петокот навечер, во библиотеката „Кочо Рацин“ при националната установа Центар за култура – Крива Паланка, беше промовирана поетската збирка „Како денес, како секогаш“ од бугарската поетеса Светла Радкова, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Директорот на НУ Центар за култура – Крива Паланка, Сашко Додевски, им посака добредојде на присутните и истакна дека настанот е организиран во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар – Скопје. Тој го нагласи значењето на културната размена меѓу двете земји и изрази уверување дека ваквите иницијативи ќе продолжат и во иднина.

За поетското творештво на Радкова зборуваа директорката на БКИЦ – Скопје, Антониа Велева, како и Димитар Христов, поет и поранешен директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, кој е и уредник на дел од нејзините книги.

Светла Радкова е автор на три поетски збирки: „Работи за поклонение“, „Е“ и „Како денес, како секогаш“. Нејзината поезија е објавувана и наградувана на бројни меѓународни поетски конкурси и фестивали.



Слични Објави