Пронајдена лабараторија за производство на дрога во Катланово, приведен дилер

/

Полицијата денеска по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје изврши претрес во викенд куќа во Катланово каде пронајде лабораторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана.

– Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во село Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана, соопшти МВР.

Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Претходна статија

(Видео) Бучковски: Имаме предлог-решение за препрочитувањето на историјата, барањето на заеднички личности и усогласувањето на учебниците

Следна статија

(Видео) Колев кон Бучковски: Уште колку години треба да чекаат Бугарите во Македонија за да бидат рамноправни граѓани во сопствената држава?

Најново од Вести