ПРОТЕСТ: НЕ НИЗ ВОДНО!

Вести Истакнато Македонија

Денес во 10:30 кон Крстовар, врвот на планината Водно тргна поворка од активистите на иницијативата „Го сакам Водно“ како и многубројни граѓани кои сакаат да се спречи соголувањето на парк-шумата Водно.  „Сè уште не сме ја загубиле, овде сме и ќе продолжиме да се бориме“, порачаа тие. Исто така, ги повикаа скопјани да им се придружат и самите да се уверат на „местотото на злосторот“ за уништувањето на шумата со изградбата на гасоводот Тетово-Гостивар кој треба да минува по сртот на планината, според идеја на Владата.

Не се само активистите кои ја одржуваат оваа иницијатива жива, на помош им дојдоа голем број граѓани, од сите возрасти кои пеш се движат во моментов од врвот по трасата каде треба да оди гасоводот. Ова не е само идеја: проектот тивко е отпочнат, а багерите веќе уништија дел од шумата.

Претходно граѓаните си делеа зелени панделки и пишуваа пораки на големиот банер „Не низ Водно“.

Гасоводот Тетово-Гостивар, преку Водно, минува токму низ заштитени подрачја со вегетација од ретки и загрозени билки, и сосема е јасно дека изградбата на трасата и градежните активности не само што негативно ќе влијаат врз недопрената флора и фауна, туку и сататички ќе ја компримитираат Матка, Пештерата Убавица и Буково.