БУЛЕВАРКО ИМ СЕ ОБРАТИ НА ЗАКОЧЕНИТЕ FACEBOOK ПАТРИОТИ: ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ТОА ПЕШТЕРИТЕ И СОЗДАДЕТЕ НЕШТО ЗА МАКЕДОНИЈА

Вести Истакнато Македонија

Криволак е воен полигон повеќе од 50 години, и одеднаш сега пред евентуалниов влез у НАТО, таму почнаа да гаѓаат со осиромашен ураниум. Не знам само кој ја измери таму радијацијата деновиве и дали воопшто е некад мерена минативе 50 години, важно тетката одНинфомакс и оноаа ќелавана бабарога за плашење народ си пичат ангро.Опни фотка од 10 луѓе цигани у Скопје, стај наслов-МИГРАНТИ ГО ПРЕПЛАВИЈА ГРАДОТ. А јас ги чекам. Упорно ги чекам тие 500 000 мигранти кои од 2016 навалија накај Македонија. Упорно ги чекам оние 3000 Учки шо влегоа на Шар Планина да обзнанат војна.
Каков цивилизациски крах има кај добар процент на луѓе во државава, како да живеат во пештера. Цел свет е накивен на Македонија, сакаат да не уништат, Македонијо не те даваме, ауу-ууу..а една шака земја да прднат оние од Бондстил ќе не збришат накај Солун доле. Турција, Украина, какви велесили паднале од овие глобални игри, само уште Македонија остана на браникот на поредокот светски. Па анти-глобални срања, па воена неутралност во свет каде што никој не е неутрален, па кур се тресе у ладна вода. Па нашиве војници ќе почнеле да гинат по туѓи боишта, бла бла, а веќе 15 години се по Ирак, Авганистан, и други војни зони. Па земјотреси и пожари у соседството, Господ ги казнува душманите. Па 11 години верглање за Референдум а сега појела маца јазик, уште го пеглале ставот Мицко и компанија.
И сета оваа боранија скисната, сервирана у кристален сад, ја лапа со кутлача голем процент од народов. Се полни лончето со омраза, церебралниот систем престанува да фунцкионира а нарачателите на овие хорор статии, од фацки кои не прочитале една ипол книга, и стигнале до сатиричните наслови на Натали, Борисав, Мирка и компанија, мелат како хемиски отров на свеста….
Идете у пичку матер сите, Бугарија лансираше сателит во вселената, Албанија дигна морско крајбрежје од сонишатата, Дуа Липа има милијарда и кусур милиони прегледи на песна, овде до насловите сатирични заглиба рајава…
Излезете од тоа пештерите и создадете нешто за оваа земја, освен лаги и болни наративи. Надвор има сонце, не паѓаат гранати. Така ќе сте корисини во нешто. Во случајов сте вирус на здравата свест. Удавени во фрустрации и комплекси, објави Булеварко, на својата facebook страна Приказни од булеварот.