|

Протест пред српската амбасада во Тирана

Пред српската амбасада во Тирана беше одржан протест под мотото „Против шовинистичката политика”.

Протестот следува по објавената одлука на Специјалниот суд во Хаг со која поранешниот командант на ОВК Салих Мустафа е осуден на 26 години затвор поради убиства и тортура.

-Учесниците меѓу кои и потпретседателот на Партијата движење за легалитет освен за судската одлука изјавија дека протестираат и против тензиите на северот на Косово и барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за враќање на српски војници на северот на Косово, јавија медиумите во Тирана.

На дел од транспарентите пишуваше „ние сме едно” и „Автохтони”.

Извор: zoom.mk

Слични Објави