ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ОД ФАБРИКАТА „ПЕЈПЕР МИЛ“ ВО КОЧАНИ

Граѓански протест се одржа денеска пред кругот на фабриката за хартија „Пејпар мил” во Кочани, како револт против загадувањето на воздухот од фабричкиот оџак, јавува Канал 5.

loading...

На двочасовната блокада на булеварот пред влезот на фабриката, граѓаните порачаа дека се незадоволни од дејствувањето на институциите и бавното двегодишно решавање на проблемот со аерозгаденоста во градот.

-По четврти пат сме собрани на протест на ова место на злосторството, за да го кренеме нашиот глас и да продолжиме во борбата за чист воздух. Единствено за што можеме да ѝ бидеме благодарни на „Пејпар мил” е што успеа да нѐ собере нас граѓаните, без разлика на политичката, верската или етничката припадност, и Кочани да го направи пообединето од кога било досега. Ова е последен пат да зборуваме и да ги повикаме сите институции и инспекторати, да се охрабрат и да го решат проблемот и да не оставаат да бараме други решенија, што не се својствени за нас. Ние сме мирен народ, но не сме бројка, луѓе сме, имаме деца и ќе се бориме за нашата и нивната иднина, истакна Зоран Тодоров, претставник на иницијаторите на протестот.



loading...