ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО СРБИЈА, ЗАРАЗЕН МАЖ ОД СУБОТИЦА КОЈ ДОПАТУВАЛ ОД УНГАРИЈА

//

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар вонредно се обрати во јавноста, потврдувајќи дека во Србија е регистриран првиот позитивен случај на коронавирус.

Тој нагласи дека прес-конференцијата била свикана еден час по добивањето на позитивните резултати.

„Се случи она што го очекувавме сите, а беше реално и прашање на време. Го имаме првиот позитивен случај на коронавирус“, изјави Лончар.

Станува збор за 43-годишен маж од Суботица кој во повеќе наврати престојувал кај сестра си во Будимпешта, која имала симптоми на коронавирус, по што и тој ги почувствувал истите симптоми. Мажот одговорно самиот се пријавил, по што бил тестиран.



„Неговите деца биле кај бабата и дедото, и тој останал сам со сопругата во станот со која истотака имал ограничен контакт, и му носела храна без контакт. Мажот се ставил самиот во изолација“, рече српскиот министер.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ОБВИНЕНИЕ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО: СО 2,97 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА ГО ТЕПАЛ ПРИЈАТЕЛОТ СО ДРВЕН СТОЛ

Следна статија

ИГОР ЗОРЧИЧ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЛОВЕНЕЧКОТО СОБРАНИЕ

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи