ПРВО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА КРАТОК ФИЛМ „ФИЛМАЈ”

Во организација на фото-кино клуб ,,Козјак” – Куманово се одржа Првото издание на меѓународниот фестивал за краток филм „Филмај”. 

Доделувањето на наградите и фестивалската проекција на наградените и додатни издвоени филмови ќе се одржи на 29 мај (среда) во свечена сала на Занаетчиски дом – Куманово (поранешно кино „Напредок“) со почеток во 19:30 часот.

На овогодишниот конкурс се пријавија 45 филма од 8 држави (Македонија, Бугарија, Србија, Грција, Германија, Холандија, Турција и САД). 
Тричленото жири составено од Ивица Димитријевиќ (актер, режисер), Мартин Иванов (монтажер, режисер) и Денковски Драган (почесен член на фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово) ги додели следниве признанија:
– награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија на Ото Ројшел (Otto Reuschel) за филмот „Риски“ (RISKI)
– награда „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија за Росен Савков за филмот „Тими“ (Timmy)
– награда „Козјак“ за најдобро сценарио за Лидија Мојсовска за „Награда“ (Тhe Award).

Дополнителни дипломи за особено признание е одлучено да се додели на следниве филмови: ХАКИЕ – ХАКИ . „Живеејќи како маж“ на Анабела Ангеловска, „Запирка“ на Сезер Салихи, „Мишко„ на Ханис Багашов и „Заб“ на Ајдин Ислами. Седумте филма ќе бидат прикажани во фестивалската вечер на 29 мај. Влезот ќе биде слободен (бесплатен) за сите посетители.

Извор: Макфакс