Пуштени во употреба два нови ЕХО апарати во Клиничката болница во Тетово

/

Во Клиничката болница во Тетово од денеска се пуштени во употреба два нови ЕХО апарати, во вредност од 160 илјади евра.

Според министерот за здравство, Беким Сали, овие апарати се посебно значајни за унапредување на здравствената заштита за пациентите од целиот полошки регион.

– Заедно со директорот на Клиничка болница Тетово, д-р Амир Елези пуштивме во употреба два нови ЕХО апарати, во вредност од 160 илјади евра. На овој начин значително се скратува времето на чекање и ставаме фокус на здравјето на пациентите и нивната благосостојба. Задоволство ми е што на овој начин придонесуваме за побрза дијагностика и подобро здравје за пациентите од овој регион, објави Сали на својата фејсбук страница.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Амбасада на САД за Русковска: „Тоа е прашање за надлежните органи“

Следна статија

Романот „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски објавен во Бугарија

Најново од Вести