ПУТИН: ГО ОЧЕКУВАМ ТРАМП ВО МОСКВА ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека очекува неговиот американски колега, Доналд Трамп, да дојде во Русија на одбележувањето на Денот на победата, 9 Мај, следната година.
„Москва е подготвена за разговори со САД“, рекол Путин пред новинарите на самитот на БРИКС во Бразил, додавајќи дека моментално нема планови за средба со Трамп.

