| |

Работна средба за набавката на борбените возила „Страјкер“ и нивната испорака за бугарската армија

Заменик-министерот за одбрана на Бугарија Златин Крстев на 15 април одржа работна средба со раководителката на проектот „Страјкер“ Елизабет Милер, како и со претставници на програмата и на Националната гарда на државата Вашингтон, јавува бугарското Министерство за одбрана.

На средбата беше разгледан напредокот на проектот за набавка на основна борбена техника за механизираните сили, вклучително и идните испораки на оклопни борбени возила „Страјкер“ и нивното склопување во фабриката „ТЕРЕМ-Ивајло“ во Велико Трново.

Дискутирани беа и прашања поврзани со обуката на персоналот на 61-та механизирана бригада во Карлово, како и можностите што ги нуди Меѓународната изложба за одбранбена техника и технологии „Хемус 2026“ за развој на воената соработка.

Слични Објави