РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО ПЕЧАТНИЦА

Вести Истакнато Македонија

Работник се повреди на своето работно време. Како што информираат од полицијата, вчера  во 12.00 часот во ПС Кочани, од Итната медицинска помош Кочани е пријавено дека околу 11.45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.