РАБОТНИК ЗАГИНА ВО РУДНИКОТ СУВОДОЛ

Синоќа при несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, при работа со градежна машина, животот го загубил работник 60-годишен работник.

Како што известуваат од РЕК Битола, во моментот на несреќата, тој бил ангажиран на извршување на редовни работни активности.

Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.

Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, а јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.