РАДЕВ: БУГАРИЈА МОРА КАТЕГОРИЧНО ДА ГИ БРАНИ СВОИТЕ ПРАВА

//

„Пред една година, во септември, свикав итен консултативен состанок со владини претставници, каде што инсистирав на развој на национална рамковна позиција што јасно ќе ги утврди нашите услови и црвените линии. Продолжувам да се залагам за тоа “, одговори бугарскиот претседател Румен Радев на прашањето на БГНЕС  дали Бугарија треба да го брани својот став за македонското прашање или да отстапи.

„Нашите браќа од Република Северна Македонија мора да бидат членки на ЕУ, но ова мора да биде одржлив процес, каде што ќе се искорени антибугарската реторика, јазикот на омраза и кадешто објективното признавање на историската вистина мора да стане неповратен процес. И тука Бугарија мора категорично да ги брани своите права “, дециден  е шефот на бугарската државата.





Претходна статија

НОВО РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК“

Следна статија

ВО МАКЕДОНИЈА ВО БОЛНИЦА СЕ ЛЕКУВААТ 1.348 ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

Најново од Вести