ВТОРА ЕПИЗОДА НА КОРИДОР 8: ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ЈАС И ТИ, А НЕ ЗА НИЕ И ВИЕ
Втората епизода на „Коридор 8“ веќе е факт. Синоќа гости на емисијата беа Магдалена од Куманово и Иван од Хасково. Какви муабети паднаа по главната тема: Ковид-19 и некои други моменти за паметење можете да видите и слушнете во видеото што следи.
Идејата на емисијата „Коридор 8- македонско-българска седенка“ е да се даде простор на луѓето од двете страни на Осогово да се поврзат меѓусебно на еден директен и неформален начин.
Без титули, без сценарио и без грантови од светски центри на моќ, со алкохол по избор и убаво мезе ги користиме новите технологии, за да си раскажуваме приказни, бидејќи меѓу нас луѓето од Бугарија и Македонија приказна може да има.
Следниот петок (18.12.2020 г) гости на емисијата ќе бидат новинарот Марјан Николовски од Скопје и инжинерот Милко Паранов од Хасково. Тема на емисијата ќе биде: „Патот кон храмот“.
Доколку сакате да бидете дел од нашата емисија доволно е да имате стабилен интернет, веб камера и интересна историја што сакате да ни ја раскажете. Контактирајте не’ на официјалната фб страна „Коридор 8“ ако сакате да бидете дел од овој уникатен проект.