Радев-Земан: Силно ја осудуваме руската агресија во Украина

//

Силно ја осудуваме руската агресија во Украина, изјави претседателот Румен Радев по средбата со неговиот чешки колега Милош Земан во замокот Храдчани во Прага.

Радев рече дека војната го уништува воспоставениот меѓународен поредок, како и децениската безбедносна архитектура на Европа. Оваа агресија бара обединет одговор во НАТО и ЕУ, бара длабока и одлучна трансформација на Алијансата, нов стратешки концепт со фокус на источното крило, вели Радев.

Бугарскиот претседател додаде дека Бугарија и Чешка се силно посветени на градење на нивните одбранбени капацитети, подвлекувајќи дека на средбата тој и претседателот на Чешка разговарале како тоа може да се направи подобро.

Радев изрази жалење што војната постави голем број предизвици пред Бугарија и Чешка, особено пред почетокот на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.





Претходна статија

„Во Македонија под игото“- Реквием за Бугарите во Македонија

Следна статија

Кличко: Путин би можел да употреби тактичко нуклеарно оружје на Киев

Најново од Вести