| |

Радио Бугарија стартува серија емисии за Бугарите во странство- прва станица ќе бидат Бугарите во Албанија

Целта на новинарите од повеќејазичната програма на Бугарското национално радио е да се сретнат и разговараат со претставници на бугарското национално малцинство, бугарските образовни институции и општества. Посетата е дел од новата иницијатива на „Радио Бугарија“ за градење поцврсти односи меѓу Бугарите во Бугариja и Бугарите ширум светот.

„Нашата идеја е преку моќта и авторитетот на јавното радио на публиката дома и во странство да ѝ раскажеме за Бугарите кои поради историски, социо-економски или други фактори живеат надвор од границите на својата татковина“ – објаснува главниот уредник на „Радио Бугарија“ Красимир Мартинов, кој е во балканската земја заедно со неговата колешка од албанската редакција на медиумот Костандина Бело, која е и претставник на бугарското малцинство во Албанија.


„Воден од желбата да се надоврзе на постигнатото и да ја следи својата мисија, тимот на „Радио Бугарија“ започнува со работа на нова рубрика, ориентирана кон подлабоко проучување и презентација на бугарските заедници во странство – вели Красимир Мартинов. – Нашата цел е и да помогнеме за зголемувањето на националната самодоверба на нашите сонародници во странство, и да им го пренесеме на Бугарите во Бугарија знаењето за историјата, животот и современите предизвици со кои се соочуваат луѓето кои живеат надвор од својата татковина. Поради специфичноста на заедницата, географската близина со Бугарија, заедничките карактеристики и меѓусебните врски на Балканот, решивме да ја започнеме нашата радио серија со разговори за бугарското национално малцинство во Албанија. Нашата рута предвидува средби во главниот град Тирана, градовите Елбасан, Корча, Кукс, Билишта, Поградец, а исто така – во Врбник, Голо Брдо, Гора. Нашата желба е да го почувствуваме, а потоа да и го пренесеме на нашата бројна публика ширум светот, духот и атмосферата на местата во Албанија каде што живеат нашите сонародници“ додава Маринов.

Бугарското национално малцинство во Албанија беше официјално признаено од албанската држава во октомври 2017 година. Неговите претставници живеат и во големите градови и во помалите населби, од кои некои се во тешко достапни области на Албанија. На дел од тамошните Бугари веќе им е потешко да го разберат и зборуваат бугарскиот јазик, но други со текот на времето успеале да си го зачуваат идентитетот и говорот, дури и да им ги пренесат традициите на генерациите по нив. Во моментов, точниот број на Бугари во Албанија е нејасен, но пописот што моментално е во тек во земјата ќе ни даде подобра претстава за тоа, пишуваат од Радио Бугарија.

„Покрај собирањето информации и впечатоци од животот на Бугарите во Албанија, преку посети на лице место, тимот на „Радио Бугарија“ има за цел да дознае повеќе за билатералните односи меѓу Бугарија и Албанија, за иницијативите за популаризација на културното наследство на два народа, за воспоставување билатерални економски и деловни контакти, како и за потенцијалните можности за проширување на соработката во рамките на Југоисточна Европа и на ниво на Европската Унија, доколку Албанија е кандидат за членство во Унијата и Бугарија може да и пренесе непроценливо искуство“, вели уште Красимир Мартинов.

Се предвидува новиот проект на „Радио Бугарија“ за Бугарите ширум светот да започне на почетокот на 2024 година.

Слични Објави